Спортско прашање на британскиот „Милионер“ го изненади и водителот – го знаете ли одговорот?

Макфакс

04/05/2026

23:00

916

Големина на фонт

а а а

Едно спортско прашање во британското издание на квизот „Кој сака да биде милионер?“ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, откако ја чинеше натпреварувачката можност да освои половина милион фунти. Иако успешно одговори на 13 прашања, таа застана на претпоследното и го напушти квизот со значително помала сума.

Натпреварувачката Џен стигна до прашањето за 500.000 фунти (околу 579.000 евра), но на крајот си замина со освоени 64.000 фунти, односно приближно 74.000 евра.

Прашањето за половина милион фунти

Прашањето што ѝ создаде проблем гласеше:

„Според Гинисовата книга на рекорди, што од наведеното за време на официјален натпревар достигнало брзина поголема од 260 милји на час?“

Понудените одговори беа: тениско топче, хокејски пак, топче за бадминтон и топче за пинг-понг. Дали го знаете точниот одговор?

Многумина би погрешиле

Џен го искористи џокерот „повикај пријател“ и побара помош од својот татко, но ни тој не беше сигурен. Таа реши да ризикува и како одговор го избра хокејскиот пак, но тоа беше неточно. Точниот одговор беше топчето за бадминтон.

Имено, според Гинисовата книга на рекорди, најбрзиот удар на топче за бадминтон на официјално натпреварување достигнал брзина од 426 km/h (односно 264,7 милји на час). Рекордот го постави Данецот Мадс Пилер Колдинг на 10 јануари 2017 година во Бангалор.

Прашањето збуни и бројни гледачи, а еден корисник на платформата „X“ напиша дека би бил „целосно сигурен“ во одговорот хокејски пак. На тоа кратко одговори и водителот на „Милионер“, Џереми Кларксон:

„И јас.“