Производителот тврди дека концептот може да забрза од 0 до 100 км/ч за околу 0,9 секунди, што го прави еден од најбрзите автомобили некогаш претставени.
Кинеската компанија „Dreame“, позната по домашните апарати и роботските правосмукалки, ја изненади автомобилската јавност со презентацијата на футуристичкиот концепт „Nebula Next 01 Jet“.

Станува збор за електричен хиперавтомобил со 4 врати кој, според компанијата, користи дополнителен ракетен погон.
На задниот дел од возилото има два ракетни мотори на цврсто гориво кои треба да обезбедат екстремно забрзување.
„Dreame“ тврди дека концептот забрзува од 0 до 100 км/ч за околу 0,9 секунди, што го прави еден од најбрзите автомобили некогаш лансирани.
Сепак, ракетниот систем веројатно ќе остане само дел од концептот, бидејќи е тешко да се замисли хомологацијата на такво решение за сериско производство и секојдневна употреба.
„Nebula Next 01“ не е фокусиран само на перформансите. Концептот носи и напредни технологии како што се контрола на управувачот преку кабел, софистицирана шасија и голем број сензори, вклучувајќи „LiDAR“ системи за автономно возење, пишува „Auto Bild“.

Дизајнот го следи футуристичкиот карактер на автомобилот. Возилото е многу ниско, агресивно по изглед, со изразени аеродинамични елементи.
Моментално нема информации дали овој модел некогаш ќе стигне до производство (и во каква форма), но „Dreame“ јасно ги покажа своите амбиции да влезе во автомобилската индустрија со овој концепт.