Иран воведува нов механизам за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец

Макфакс

05/05/2026

21:14

261

Големина на фонт

а а а

Иран воведе нов механизам за управување со поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, објави државниот радиодифузер Press TV.

Според новиот систем, сите бродови што имаат намера да поминат низ овој стратешки важен морски премин ќе добијат електронска порака од адреса поврзана со тело наречено Управа за Персискиот заливски теснец (PGSA), кое ќе ги наведе новите правила и прописи за премин.

Според овие правила, бродовите ќе мора да добијат посебна дозвола за транзит пред да влезат во теснецот, кој се смета за еден од најважните светски центри за транспорт на нафта.

Оваа иницијатива е опишана како „суверен систем за управување“ кој сега е оперативен во Ормускиот теснец, се наведува во извештајот.

Во Ормускиот теснец се на сила два системи за регулирање на поморскиот сообраќај, едниот управуван од Иран, а другиот од САД, кои имаат за цел да обезбедат премин на бродови низ теснецот. Сепак, транзитот на бродови низ теснецот останува минимален, без знаци за враќање на ситуацијата пред почетокот на конфликтот