[ВИДЕО] Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

Макфакс

06/05/2026

14:18

409

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава дека набрзо ќе има избори, посочи дека во моментот фокус на Владата се реформи и консолидирање, а избори како што рече ќе се одржат пролетта 2028 година.

„Има некои од партиите кои што се исплашија од таа изјава, јас следам. Но, мојот став вие го знаете. Мојот став е дека оваа година избори нема, оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат наскоро во пролета 2028 година. А дали 2027 година е опција, знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвено да оди на избори и да победи. Но, она кое што ние сега го правиме и го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност со што ќе го зголемиме и животниот стандард на граѓаните“, вели премиерот Мицкоски.

Темата за предвремени избори ја предизвика вчерашната изјава на премиерот во која тој рече:

– Добрата вест е дека набрзо ќе има избори и дека СДСМ како партија ќе се маргинализира.

Во меѓувреме, се огласија од опозициската СДСМ од каде велат дека Мицксоки брза на предвремени избори „од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан“. Арбен Таравари пак го повика што побрзо да распише предвремени избори, за да се одблокира евроинтеграцискиот порцес.