Алваро Карерас беше најдобро засилување на Реал Мадрид во првиот дел од шампионатот во Шпанија, но како што одминуваше сезоната, левиот бек почна да ја губи својата улога на сигурен старер.
Карерас исчезна од стартниот тим на Арбелоа во последно време и доби доста критики од јавноста за своето непрофесионално однесување на клупата за резерви, но сега реши самиот да се огласи во јавноста за сликата која ја прикажа, но и да признае дека имал конфликт со Антонио Ридигер.
Во јавноста се појави информација дека Ридигер му удрил шлаканица на Карерас во месец февруари и дека оттогаш владее анимозитет меѓу двајцата, нешто што половично беше потврдено од левиот бек.
– Во последните денови се појавија шпекулации и коментари кои не се вистинити. Мојата посветеност кон овој клуб и кон тренерите кои ги имам и ги имав е на највисоко ниво од првиот ден, така и ќе остане. Откако се вратив во Реал, секогаш работев со најголема професионалост, со почит и посветеност. Работев многу напорно за да го остварам мојот сон и да се вратам дома, – порача Карерас, кој додаде дека навистина имал инцидент со Ридигер.
– Што се однесува до инцидентот со мој соиграч, тоа беше излолиран случај. Се работи за незначително прашање кое е веќе решено меѓу двајцата. Мојот однос со целиот тим е многу добар, – додаде Карерас.








