Дефанзивецот на Атлетико тргна да се пресметува со петмина играчи на Арсенал

Дерби

06/05/2026

14:57

224

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид остана покус за еден гол во двомечот со Арсенал и мораше да се помири со елиминација во полуфиналето, а додека играчите на противничкиот тим се радуваа и скокаа по последниот судиски свиреж, еден член на гостинскиот тим посебно го намерачи Виктор Ѓокереш.

Марк Пубиљ не беше импресиониран од прославата на шведскиот напаѓач и тргна да се пресметува со него, но во тој момент налета на дури пет играчи на Арсенал.

Десниот бек на Симеоне не се исплаши и влезе во конфликт и со Габриел Жезус, а чиста среќа беше што најрационално постапија две други ѕвезди на Арсенал.

Деклан Рајс и младиот Москера го смирија Пубиљ и го оддалечија од останатите играчи на Арсенал, со тоа што стоперот го испрати ривалот во сигурна зона на теренот.

Претходно, Чоло Симеоне влезе во клинч со Андреа Берта, па јасно е дека тензијата достигна врв во самата завршница од реванш полуфиналето на „Емирејтс“.