Филипче: Споменот на Гешовски потсетува колку скапо чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда

Макфакс

06/05/2026

15:14

186

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во Кавадарци положи цвеќе и оддаде почит на Сашко Гешовски, кој пред 35 години како припадник на тогашната ЈНА, го загуби животот и беше првата жртва од Македонија во конфликтот што го предизвика распадот на Југославија.

Филипче во објава на социјалните мрежи порача дека војната што се случи во 90-тите години никогаш не семее да се повтори и треба да биде силен потсетник колку скапо може да нè чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда.

„Денеска во Кавадарци, положив цвеќе и оддадов почит на Сашко Гешовски, кој пред 35 години како припадник на тогашната ЈНА, го загуби животот и беше првата жртва од Македонија во конфликтот што го предизвика распадот на Југославија. Тогаш, политиката на омраза, националистичка пропаганда и вештачки создадени поделби втурнаа во војна и крв целата земја.

Овој конфликт кој никогаш не смее да се повтори, треба да биде силен потсетник колку скапо може да нè чини политиката на омраза, поделби и националистичка пропаганда. Тогаш благодарение на мудрите политики, претседателот Киро Глигоров, ја обезбеди независноста на Македонија.

Денес, повторно сме сведоци на исти опасни реторики на омраза, вештачки поделби и националистичка пропаганда. Христијан Мицкоски систематски го дели општеството, поттикнува меѓунационални тензии, намерно создава конфликти со Бугарија и со Грција, фабрикува вести и дезинформации, загрозувајќи ја иднината на државата.

СДСМ нема дозволи Мицкоски и неговата ВМРО-ОКГ да не вратат во 90-тите години – во изолација, сиромаштија и поделби, само за да ја заштитат својата власт и своите тендери. Секогаш ќе стоиме на страната на мирот, единството и европската иднина на Македонија“, посочи во објавата Филипче.