Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

Макфакс

07/05/2026

20:58

212

Големина на фонт

а а а

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба против тероризмот во која ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам поради масовната миграција и отворените граници, објавува француската државна агенција France24.

Стратегијата, исто така, значително го проширува домашниот фокус на САД врз „насилните левичарски екстремисти“, вклучувајќи ги „радикално про-трансродовите“ групи, како и нарко-картелите во Латинска Америка.

„На сите им е јасно дека добро организираните непријателски групи користат отворени граници и глобалистички идеали. Колку повеќе се шират овие странски култури и колку подолго продолжуваат сегашните европски политики, толку е посигурен тероризмот“, се наведува во документот.

Стратегијата, предводена од координаторот за борба против тероризмот Себастијан Горка, вели дека Европа „како лулка на западната култура и вредности мора итно да дејствува и да го запре својот намерен пад“.

Во документот, исто така, се наведува дека напорите на САД ќе бидат фокусирани на „брза идентификација и неутрализација на насилните секуларни политички групи чија идеологија е антиамериканска, радикално про-трансродова и анархистичка“.

Новата стратегија доаѓа неколку месеци откако администрацијата на Трамп ја обвини Европа дека се соочува со „цивилизациско уништување“ поради имиграцијата.