„Путин конечно е подготвен“! Зеленски се огласи за крајот на војната и ја откри тајната тактика: „Малку го поттурнавме …“

Точка

11/05/2026

16:08

1.652

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин, според зборовите на украинскиот претседател Володимир Зеленски, сега е подготвен за вистински преговори.

Зеленски во видео-обраќање изјави дека Украина веќе долго време е подготвена за разговори и дека следниот чекор е одредување конкретен формат на дијалогот.

„Сега Путин лично вели дека конечно е подготвен за вистински средби. Малку го поттурнавме, а ние веќе долго време се подготвуваме за состаноци, така што треба да пронајдеме формат. Мораме да ја завршиме оваа војна, сигурно да гарантираме безбедност“, изјави Зеленски.


Тој нагласи дека преговорите не треба само да ги запрат борбите, туку и да обезбедат трајни безбедносни гаранции за Украина.

По парадата по повод Денот на победата на 9 мај, Путин изјави дека војната во Украина „се приближува кон крајот“, без да наведе конкретна временска рамка.

Тој ги повтори тврдењата дека повлекувањето на Русија од Киев во 2022 година уследило на барање на францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека западните „глобалистички елити“ потоа одлучиле да ја продолжат војната.


Кога станува збор за преговорите, Путин и неговиот советник Јуриј Ушаков изјавиле дека Роберт Фицо, премиерот на Словачка, го пренел интересот на Зеленски за разговори. Москва сигнализирала подготвеност да биде домаќин на средбата, иако Путин рекол дека самит во трета земја би следел дури по постигнување конечни договори.

Киев ја одби Москва како место за средба, како што Кремљ претходно предлагаше. Серхиј Лешченко, советник на Зеленски, изјави дека разговори во главниот град на Русија се „невозможни“, додека Зеленски порача дека е отворен за средба со Путин на неутрална локација.