Полицаец тешко повреден на Водно, паднал од мотор обидувајќи се да избегне лисица која му го пресекла патот

Макфакс

13/05/2026

14:40

158

Големина на фонт

а а а

Полициски службеник од Скопје доживеал тешка повреда откако паднал од својот мотоцикл на Водно, обидувајќи се да избегне лисица што внезапно излегла на патот. Повредите му биле констатирани во Ургентниот центар, а случајот е под истрага од страна на надлежните органи.

Вчера на локален пат на Водно полицискиот службеник М.Т. (32) од село Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „Хонда“ во сопственост на МВР, изгубил контрола над возилото и паднал.

Според пријавеното, до несреќата дошло откако тој се обидел да избегне лисица која излегла на патот.

Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По настанот, увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.