СДСМ: Внесете ги малцинствата во Уставот, знаеме дека не мислите на другите, барем мислете на себе

Макфакс

13/05/2026

18:20

149

Големина на фонт

а а а

СДСМ јавно повика на уставно вклучување на малцинствата како клучен елемент за напредокот на Македонија кон Европската Унија, критикувајќи ја опозицијата за блокирање на овој процес и заради големиот број членови со странски пасоши.

„Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска?
Значи, не се македонска? Не може да бидат македонска партија кога половина од нив имаат бугарски пасоши“, велат од СДСМ.

Според оваа партија, пола Влада, министри, пратеници, директори, градоначалници, семејството на Мицкоски, семејството на Латас – уредникот на Орбановите медиуми, како што велат, сите се со црвени пасоши на ЕУ.

„Затоа и имате проблем со малцинствата во Уставот. Затоа и ја блокирате Европа.
Затоа и не сакате да продолжат преговорите. Внесете ги малцинствата во Уставот – знаеме дека не мислите на другите, барем мислете на себе. Вие не го браните македонскиот идентитет. Вие го користите како штит за да ја заштитите криминалната империја и да продолжите со пљачката“.

Според СДСМ, македонска е само онаа партија која се бори Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија, а не изолирана провинција на Орбан и Путин.

„Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега. Нема враќање назад.