[ВИДЕО] Карлос Алкараз повторно го исмеваат поради провокативните пози: „Држи се до тенискиот терен“

Супермен

14/05/2026

07:39

1.012

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкараз снимил уште една интересна реклама која привлече голем број коментари на социјалните мрежи.

Шпанскиот тенисер на теренот веќе има завидна кариера, но сè почесто го гледаме и во светот на моделингот. Една од неговите претходни рекламни кампањи предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а сега популарниот Карлитос позирал за „Vanity Fair“.

Најпрво во спортска опрема на земјен терен, а потоа и во бел костум, како јасна асоцијација на „белиот спорт“ во кој веќе почна да доминира - Шпанецот се претставил во сосема поинакво светло, иако тоа на некои не им се допаднало.


Веќе беа коментирани неговите објави во кои се обидува да позира, а следбениците тогаш му порачаа дека сепак повеќе му прилегаат спортската опрема и тенискиот терен.

Сега реакциите се уште полоши, па прашање е колку на Карлос ќе му се допадне ова издание на „Vanity Fair“.


„Дали ќе се откаже од моделингот?“, „Ова е толку лошо“, „Дефинитивно не изгледа добро“, „Не можам ни да ги гледам овие негови кадри“, „Нека му каже некој дека ова не е убаво“, „Држи се до тенискиот терен“, се само дел од реакциите на социјалните мрежи.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk