Дводневните разговори меѓу претседателите на Кина и САД, Ши Џинпинг и Доналд Трамп, во Пекинг отворија нови можности за билатералните односи и договорија испраќање семе од кинески рози како симбол на соработка.
Дводневните разговори меѓу кинескиот и американскиот претседател, Ши Џинпинг и Доналд Трамп во Пекинг, можеби отворија врата кон нова ера во односите меѓу двете светски суперсили.
На крајот од посетата на американскиот претседател, Ши изјави дека постигнале „нов билатерален однос“ и вети дека ќе му испрати семе од кинески рози, кои шефот на Белата куќа ги забележал и му се допаднале за време на прошетката во Џонгнанхаи, градината во Пекинг.
„Треба да бидеме партнери, а не ривали“, рече Ши Џинпинг на крајот од дводневната посета на Трамп на Пекинг.
Трамп изјави дека трговските преговори поминале „подобро од минатиот пат“ и дека бизнис лидерите кои пристигнале со него во Пекинг биле таму за да „склучуваат договори“ и „да вратат работни места“.
Тој додаде и дека имаат слични ставови за Иран.
Непосредно пред двајцата претседатели да прошетаат низ импресивната градина, Фокс Њуз емитуваше интервју со Трамп, во кое тој изјави дека Ши ветил дека нема да ѝ испорачува воена опрема на Иран.
„Но истовремено, рече дека од Иран купуваат многу нафта и дека би сакале да продолжат“, додаде американскиот претседател.
Во истото интервју, Трамп исто така изјави дека Кина се согласила да купи американска нафта и 200 авиони „Боинг“.







