[ФОТО] Кинеските модели се синоним за евтини автомобили, но овој чини неверојатни 300.000 долари!

Супермен

20/05/2026

14:00

470

Големина на фонт

а а а

„Huawei“ и „JAC“ претставија специјална верзија на луксузната лимузина „Maextro S800“, моделот „Grand Design“, кој носи уште поголем престиж, напредна технологија и детали инспирирани од моделите на „Rolls-Royce“, но по значително пониска цена.

Надворешноста се карактеризира со златни детали на украсот на хаубата, бандажите, лајсните и ознаките на моделот, додека каросеријата е комбинирана во темно зелено-сина и сребрена боја.


Иако фотографиите од ентериерот сè уште не се објавени, се очекува изобилство од луксузни материјали и златни декорации. Огромниот седан е долг 5,48 метри и има меѓуоскино растојание од дури 3,37 метри.

Кабината е фокусирана на удобноста на патниците на задните седишта, а стандардниот S800 веќе нуди три екрани, седишта со „нулта гравитација“, ласерски проекциски екран и аудио систем на „Huawei“ со 43 звучници. Верзијата „Grand Design“ доби и нов „LiDAR“ систем на покривот, како и дополнителна камера на столбот Б, што овозможува користење на најновиот систем за помош на возачот „Huawei Qiankun“ ADS 5.0.


Купувачите ќе можат да избираат помеѓу целосно електрична верзија со 530 КС (батерија од 97 kWh) и plug-in хибридна варијанта со 1,5-литарски турбо мотор и три електрични мотори.

Се очекува цената на овој модел да биде околу два милиони јуани, или приближно 294.000 долари.

Иако тоа е речиси три пати поскапо од стандардниот S800, сепак е далеку поевтино од „Rolls-Royce Ghost“, кој чини повеќе од 738.000 долари во Кина.

Веќе осум месеци, „Maextro S800“ ја држи титулата најпродаван луксузен автомобил во Кина во ценовната категорија над 700.000 јуани, со испорачани повеќе од 17.000 примероци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk