Агентот на Лаутаро: Ако добиеме повик од Барселона…

Дерби

21/05/2026

07:07

387

Големина на фонт

а а а

Лаутаро Мартинез веќе подолго време е дел од италијанскиот великан Интер, клуб во кој со своите настапи, посветеност, верност ја доби и капитенската лента.

Аргентинецот важи за еден од најдобрите светски напаѓачи и понекогаш е изненадување како дел од екипите кои се моќни, амбициозни не притискаат за потписот на некогашниот член на Расинг.

Меѓутоа како и тие да се свесни, да знаат дека Лаутаро е среќен во Милано и дека нема намера да направи промена на клупската средина.

-Сфатив дека Лаутаро е почитуван и би го посакувале сите најдобри тимови во светот, но тој му припаѓа на Интер, па затоа нема причина никој да се грижи. Тој е среќен во Милано, го има Светското првенство ова лето, а потоа целта следната сезона е да ја освои Лигата на шампионите со Интер, -вели агентот на голгетерот, Алехандро Камано.

Барселона е во потрага по замена за Роберт Левандовски, па Камано беше запрашан што ќе се случи ако стигне повик од „Камп Ноу“.

-Секој повик што би го добил, од кој било клуб во светот, би го слушал со почит, но одговорот би бил ист. Лаутаро е среќен во Интер, рече дека не сака да се сели, па нема што повеќе да се додаде, -порача човекот што се грижи за кариерата на Ел Торо.