Влен: ДУИ секојдневно губи поддршка, граѓаните се за промени

Макфакс

23/05/2026

10:00

182

Големина на фонт

а а а

Влен истакнува дека ДУИ секојдневно губи поддршка меѓу Албанците, кои бараат промени и крај на досегашната политика на страв и манипулации, додека Влен добива сè поголема популарност и поддршка.

ДУИ сè уште не може да се помири со новата политичка реалност и со губењето на поддршката кај Албанците. Во недостаток на резултати и доверба од граѓаните, оваа партија избра напади, пропаганда и етикетирања кон секој политички противник, се вели во денешното соопштение на Влен.

„Нападите кон медиумите, анкетите и јавноста јасно го покажуваат растечката нервоза во редовите на ДУИ поради континуираниот пад на поддршката.

Албанците веќе зборуваа јасно. Тие гласаа за промени, одговорност и крај на политиката на страв, договори и манипулации што со години го држеа албанското политичко претставување во заложништво.

Влен е резултат на волјата на граѓаните и новата политичка енергија што секојдневно добива сè поголема поддршка кај Албанците.
Последните анкети само го потврдуваат она што се гледа на терен: ДУИ секој ден губи поддршка, додека граѓаните сè појасно се определуваат за промените“, соопшти Влен.