МВР и Шумската полиција одземаат украдени огревни дрва

Макфакс

24/05/2026

20:20

300

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција и Шумското стопанство „Бабуна“ спроведуваат акција во Арачиново за откривање и одземање на украдени огревни дрва, а засега нема информации за приведени лица или количина на одземено дрво.

Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција – Скопје и подружницата на Шумско стопанство „Бабуна“ од Велес, денеска се спроведува акција во Арачиново за откривање и одземање на украдени огревни дрва.

Информацијата ја објави Кире Михаилов на социјалните мрежи, посочувајќи дека акцијата е во тек.

Засега нема официјални детали за количината на одземените дрва ниту дали има приведени лица.