Притвор за турските државјани кои истепаа доставувач во Скопје

Макфакс

26/05/2026

09:40

663

Големина на фонт

а а а

Полицијата уапси четворица турски државјани кои физички нападнаа доставувач во Скопје и поднесе кривична пријава против нив. Инцидентот се случил по расправија во сообраќајот во скопската општина Центар.

Полицијата поднесе кривична пријава и им одреди притвор на насилниците од Турција кои нападнаа доставувач во Скопје.

Според информациите од МВР, вчера во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(21), А.Ф.Е.(21), Т.А.Б.(22) и А.И.О.(24), сите од Турција, постапувајќи по пријава на 24 мај, околу 19:55 часот дека на подрачјето на Центар, по претходна расправија околу сообраќајот, прво со нивното возило „ауди“ удриле во моторот на Ф.М. (20) од Скопје, додека извршувал работни задачи како доставувач, а потоа и физички го нападнале.

Од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје против насилниците е поднесена кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор.