Сомнеж за ебола во Австрија: пациентка во изолација

Макфакс

28/05/2026

12:30

161

Големина на фонт

а а а

Во Горна Австрија е хоспитализирана жена со сомнеж за зараза со опасниот вирус ебола, по нејзиното враќање од Уганда. Пациентката е ставена во строга изолација додека се чекаат резултати од втор тест, а властите ги следат и лицата кои биле во контакт со неа.

Жена за која постои сомнение дека е заразена со ебола е хоспитализирана во Горна Австрија откако била примена во болница со симптоми карактеристични за оваа опасна болест.

Пациентката се вратила од Уганда само два дена претходно, каде што неодамна се регистрирани случаи на инфекција, поради што австриските здравствени власти веднаш реагирале и ја ставиле во строга изоляција, објавува австрискиот „Хојте“.

Првиот примерок од крв покажал негативен резултат за вирусот ебола, но случајот сè уште не е затворен. Според процедурите на австриските здравствени служби, неопходен е втор тест за да се исклучи можноста за инфекција.

До конечните резултати, жената останува на болничко лекување во изолација.

Австриските власти објавија дека пациентката ќе биде префрлена во специјализирана клиника во Виена во следните неколку часа со специјален медицински транспорт.

Во исто време, започнато е следење на сите лица кои биле во контакт со неа по нејзиното враќање од Уганда.