Еден детаљ од новата видеоигра за Џејмс Бонд, наречена „007 First Light“, стана вирален на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции кај играчите низ регионот.
Во играта, имено, се наведува дека главниот лик зборува црногорски јазик. Станува збор за првата видеоигра во која Џејмс Бонд е главен лик по 15 години.
Спомнувањето на црногорскиот јазик особено ги изненади корисниците од просторот на поранешна Југославија, кои не очекуваа дека тој ќе се појави во еден голем светски наслов. Дејството го следи 26-годишниот Бонд на самиот почеток од неговата кариера, додека минува низ напорна обука на британската разузнавачка служба и постепено станува елитен агент.
Авторите истакнуваат дека играчите ќе можат да го следат развојот на Бонд „од почетник до полноправен агент“ низ низа тајни мисии, акциски сцени, задачи со прикрадување и модерен систем на борба.
Музика и познати имиња
Дополнително внимание привлече и музиката за играта, која ја потпишуваат Лана Дел Реј и Дејвид Арнолд, композитор познат по работата на неколку филмови за Џејмс Бонд.
Меѓу актерите што ги позајмиле гласовите на ликовите се Џема Чан, Лени Кравиц, Патрик Гибсон, Пријанга Бурфорд и Алистер Мекензи.
Кога пристигнува играта?
Играта ќе биде достапна за Плејстејшн 5, Икс-бокс серија икс (Xbox Series X) и Ес (S), како и за Пи Си платформите – Стим и Епик Гејмс Стор (Steam и Epic Games Store), додека верзијата за Нинтендо Свич 2 (Nintendo Switch 2) се очекува во текот на летото 2026 година.











