Вака би требало да изгледа „iPhone 18 Pro“

Точка

01/06/2026

07:09

502

Големина на фонт

а а а

Уште една потврда дека „Apple“ би можел кај „iPhone 18 Pro“ да ја замени популарната портокалова боја со нова темноцрвена нијанса наречена „Cherry“.

Портокаловиот „iPhone 17 Pro“ се покажа како вистински хит меѓу купувачите, поради што и бројни производители на конкурентски „Android“ уреди претставија слична нијанса на своите модели. Сепак, се чини дека оваа впечатлива портокалова боја нема да биде достапна кај претстојниот „iPhone 18 Pro“.

Имено, познатиот дојавувач Сони Диксон објави фотографии од макети на „iPhone 18 Pro“ кои ја прикажуваат целата палета на бои во која новиот предводник на „Apple“ ќе биде достапен за купување.


Како што и претходно се шпекулираше, новата заштитна боја на „iPhone 18 Pro“ би требало да биде потемна црвена нијанса за која во моментов се претпоставува дека ќе го носи името „Cherry“.

Покрај оваа црвена, се очекуваат и светлосина, темносива и сребрена варијанта, која според достапните фотографии изгледа многу слично на сребрената боја кај актуелниот „iPhone 17 Pro“.


Доколку гласините се точни, „Apple“ нема значително да го менува дизајнот на своите „Pro“ модели. Досегашните информации укажуваат дека „iPhone 18 Pro“ ќе го задржи препознатливиот изглед на својот претходник, со нешто потесен „Dynamic Island“ отвор на екранот.

Сепак, иако овие информации за боите се потврдени од повеќе различни извори, треба да се има предвид дека сè уште ништо не е официјално потврдено.