[ФОТО/ВИДЕО] Ова досега не е видено: 104-от тенисер во светот испиша историја на Ролан Гарос

Супермен

02/06/2026

16:35

637

Големина на фонт

а а а

Многу е тешко да се игра на Гренд слем турнир и натпреварувањето во мечеви што се играат на три добиени сета често знае да биде исклучително напорно — тоа го покажа овогодишниот Ролан Гарос година, со убедливо испишување историја.

Имено, станува збор за должината на траењето на мечевите, односно времето што е потребно некој да се пласира во четвртфинале на Гренд слем-турнир.

Апсолутен рекордер стана Матео Арналди, кој е и најпријатното изненадување на овогодишниот Ролан Гарос. Тој во текот на четирите меча што досега ги одиграл, на терен поминал неверојатни 17 часа и 54 минути.

Имено Арналди поминал неверојатен пат: во првото коло го победил Талон Грикспор од Холандија со 3:1, потоа со идентичен резултат бил подобар од Стефанос Циципас, по што следувале маратонските борби.


Најпрво го совладал Рафаел Колињон од Белгија во пет сета, а синоќа направил неверојатен пресврт и славел против Френсис Тиафо од Соединетите Американски Држави — 3:2.

Кога ќе се погледнат достапните податоци од 1991 година, ова е убедливо најмногу време што еден играч го поминал на терен за да се пласира во четвртфинале. Арналди го надминал Никлас Култи од Шведска, на кого му биле потребни речиси два часа помалку.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk