63-годишен Турчин пронајден мртов во хотел на Бит-пазар

Макфакс

07/06/2026

16:27

328

Големина на фонт

а а а

Вчера во хотел на Бит-пазар беше пронајден починат 63-годишен Турчин. Полицијата изврши увид и телото е предадено на обдукција по насока од јавен обвинител.

Вчера попладне полицијата добила пријава дека во соба во хотел на подрачјето на Бит-пазар бил пронајден починат С.Е. (63) од Турција, со регулиран престој во земјава. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Полицијата извршила увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција.