Апсења во Неготино поради точење алкохол на деца

Макфакс

07/06/2026

17:29

249

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Неготино, заедно со инспектори од повеќе државни институции, извршија контроли во угостителски објекти каде беа пронајдени малолетници кои биле послужени со алкохол. По апсења на лица осомничени за точење алкохол на деца, напредуваат истраги.

Викендов полицијата од Неготино заедно со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ извршија контроли во угостителски објекти во Неготино. Во еден од објектите најдоа малолетници послужени со алкохол.

Со малолетниците се извршени службени разговори во присуство на претставник од Центар за социјални работи Неготино, по што се предадени на родители или блиски роднини.

„Полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода А.С. (25) и еден малолетник од Неготино, поради основи на сомнение за сторено кривично дело по член 204 од Кривичниот законик ’точење алкохолни пијалаци на дете’“, соопшти МВР.

За апсењата и точењето алкохол на малолетници е известен јавен обвинител и МВР најави соодветни поднесоци по целосно документирање на настанот.

Фото:Депозитфотос