УХМР информира дека до четврток попладне ќе има локален дожд и грмежи со развој на нестабилна облачност, додека во петок се очекуваат поинтензивни непогоди со невреме и засилен ветер, особено долж Повардарието.
До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени.
Од петок ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.








