Управувајќи велосипед паднала во одводна шахта: Тешко повредена скопјанка

Макфакс

08/06/2026

14:20

295

Големина на фонт

а а а

Тешко повредена жена од Скопје паднала во одводна шахта додека управувала велосипед, а полицијата изврши увид на местото на настанот.

Полицијата соопшти дека вчера во 16:40 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ - Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје.

Според пријавеното, на 06.06.2026 на ул.„Жан Жорес“ во Скопје околу 21:00 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со повредите.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.