Интересно тврдење на економистите: Освојувањето на Мундијалот може да збогати цела држава

Супермен

11/06/2026

17:21

523

Големина на фонт

а а а

Доколку Германија го освои Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули, тоа би можело да го стимулира економскиот раст на земјата, според извештај објавен од Институтот за економски истражувања (Ифо) од Минхен.

„Истражувањата покажуваат дека земјите што го освојуваат Светското првенство навистина бележат забрзување на економскиот раст. За второпласираните и другите учесници, постои краткорочна еуфорија, но таа брзо исчезнува“, изјавил раководителот на истражувањето на Ифо, Клаус Волрабе.


Според резултатите од студијата, во текот на двата месеци пред почетокот на турнирот, веројатноста компаниите да очекуваат подобрување во работењето се зголемува за околу шест процентни поени.

Во исто време, истражувачите не забележале значително влијание врз проценката на моменталната деловна состојба.

Анализата покажала дека производствениот сектор, услужните дејности, како и трговијата на големо и мало, реагираат на сличен начин на големите спортски настани како што се Европското и Светското првенство во фудбал.

„Претходно, исчекувањето на големите турнири честопати имаа позитивен ефект врз очекувањата во деловните кругови. Сепак, ефектот е релативно мал и исчезнува во рок од шест месеци по завршувањето на натпреварувањето“, додал Волрабе.


Студијата се базира на анализа на околу 2,2 милиони одговори од компании во индустријата, услужниот сектор и трговијата собрани преку месечни анкети за деловната клима од 1991 до 2024 година, кои опфаќаат вкупно 17 големи фудбалски турнири, според веб-страницата на Ифо.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk