Антоан Гризман дефинитивно се стекна на статус на легенда на Атлетико Мадрид, тим во кој одработи два мандати со тоа што измеѓу беше епизодата во Барселона.
Тој пристигна на „Камп Ноу“ како огромно засилување, Барса издвои огромна сума на пари за неговите услуги, но Французинот не успеа да ја пронајде соодветната магија, да се спои со соиграчите на идеален начин иако токму тука го освои најважниот трофеј во Шпанија (во неговата кариера) и тоа оној во Копа Дел Реј.
Жорди Алба беше дел од шпанскиот великан кога Гризман дојде тука да игра, па од негов агол се обиде да објасни зошто напаѓачот не успеа во Каталонија.
- Тој ги правеше работите на правилен начин. Беше многу дисциплиниран човек. Донесе нешто поинакво во тимот бидејќи, работејќи под водство на Симеоне, секогаш беше со полн физички интензитет. Технички, беше многу добар.
- Но, како и многу играчи, на крајот тој едноставно не се адаптираше на најдобар начин. Потоа се врати во Атлетико и повторно стана Гризман, оној во кого Барселона првично се заљуби, - порача Алба.







