Навивачите на Њујорк ја претераа: Вембањама погоден со јајце во глава

Дерби

11/06/2026

12:43

296

Големина на фонт

а а а

Њујорк Никс со историски пресврт го сруши Сан Антонио Спарс и дојде на еден чекор од титула во НБА лигата, нешто што се чека долго време, уште од минатиот век.

Никс губеа со 29 разлика, ама успеаа одново да покажат карактер, знаење, упорност и да го свртат резултатот и донесат огромна радост на нивните навивачи.

Меѓутоа поддржувачите на Њујорк се познати по тоа дека знаат да се „исклучат“, знаат да направат инциденти, па така се собраа пред хотелот каде што беше сместен клубот од Тексас, па освен навреди дојде и до една непријатна ситуација во која некој од публиката со јајце го погоди Виктор Вембањама.