Вечерва започнува Светското фудбалско првенство и тоа со средбата меѓу Мексико и Јужна Африка, натпревар кој својот старт ќе го има во 21 часот.
Во пресрет на отварањето на турнирот, првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино има соочување со новинарите каде имаше можност да проговори за ситуацијата со најдобриот судија од Африка, Омар Абдулкадир Артан кој пристигна во САД за да ја дели правдата на мундијалот, ама беше вратен назад или поточно не му беше дозволен престој во државата.
Ова само дополнително ја разгневи јавноста затоа што се случуваат и некои други работи, но Инфатино смета дека тие се контролираат и советува сите да се опуштат.
- Жално е што му се случи на судијата од Сомалија. Повторно, ние не контролираме сè. Се обидуваме, ќе дискутираме, ќе зборуваме, ќе видиме. Понекогаш е добро да се смириме, да се опуштиме, работиме на сè, се обидуваме да решиме сè. Понекогаш веднаш да почнеме да врескаме и да викаме има спротивен ефект од наоѓањето решение.
- Верувајте ми кога ви велам, ние секогаш се обидуваме да најдеме решенија. Но, треба да почитуваме дека не сме кралеви на светот кои можат да владеат со владите и полициските сили. Ние сме спортска организација, - порача Џани.







