[ВИДЕО] ФИФА излезе со објаснување за најконтроверзниот момент во ремито на Швајцарија и Катар

Дерби

14/06/2026

11:59

416

Големина на фонт

а а а

Швајцарија и Катар ремизираа откако азиската селекција постигна гол длабоко во судиското надополнување, но уште во текот на натпреварот се појавија многу коментари околу начинот на кој Швајцарија доби пенал во првиот дел.

Голманот на Катар несомнено го фаулираше Фројлер, но голем број фанови, па и новинари, тврдеа дека имало офсајд во акцијата, односно Фројлер бил во недозволена ситуација и пеналот требало да биде поништен.

Ваквата теорија дополнително беше надополнета и со фактот што реализаторот на преносот не прикажа графичка потврда за ВАР проверката на евентуалниот офсајд, па остана впечатокот дека Катарците можеби биле и оштетени поради несоодветната реакција на судиите во ВАР собата.

Работата отиде дотаму што мораше да реагира и ФИФА, која не влезе во демант на ваквата теорија, туку дипломатски објави дека графиката не била прикажана поради технички причини, но судиите во ВАР собата непречено си ја вршеле работата и правилно утврдиле дека немало офсајд, притоа понудувајќи исечок од проверката.