Фудбалот е повеќе од игра: Искусниот Адвокат не можеше да ги контролира емоциите како селектор на Курасао

Дерби

15/06/2026

07:45

714

Големина на фонт

а а а

Дик Адвокат беше човекот кој избори историски прв пласман за Курасао на едно Светско првенство, но поради нарушено здравје на неговата ќерка, искусниот фудаблски стручњак реши да се повлече од извршување на селекторската функција во месец февруари.

Холанѓанецот го стави семејството на првото место и остави простор друг тренер да го води Курасао на мундијалот, но два месеци по одлуката која ја донесе, пристигна подобра вест.

Здравјето на неговата ќерка се подобри и Курасао го покани Адвокат да се врати на позицијата која ја извршуваше, па откако Холанѓанецот го прифати тоа, денеска ја водеше малата островска земја на историскиот меч.

Иако натпреварот заврши со 7:1 во корист на Германија, Адвокат беше победник за сите неутрални фудаблски фанови уште пред стартот на натпреварот, а доказ за тоа се и емоциите кои ги покажа искусниот Дик.

На 78-годишна возраст, Адвокат стана највозрасниот тренер кој водел една селекција на мундијал, но бидејќи зад себе остави и тежок период на личен план, Дик не можеше да ги сокрие солзите.

– Не можев да ги сопрам солзите, тоа се случи пред натпреварот, но и по крајот на истиот. Видов радост на лицата кај фановите и покрај убедливиот пораз. Не можев да останам рамнодушен на емоциите кои ги прикажаа нашите фанови. Ова е историски момент и треба да бидеме горди, без оглед на резултатот. Германија е велесила и беа предобри за нас, – изјави Адвокат.