Работна посета на министерот Муцунски на Лондон

Макфакс

16/06/2026

08:28

152

Големина на фонт

а а а

Министерот Тимчо Муцунски е во Лондон на работна посета каде ќе оствари разговори за надворешна трговија и ќе присуствува на отворањето на првиот вински саем на земјите од Централна и Источна Европа.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон.

Во британскиот Форин офис, министерот Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.

Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување на извозот, министерот Муцунски ќе присуствува на отворањето на првиот вински саем на земјите од Централна и Источна Европа во Лондон, а воедно ќе го посети и македонскиот павилион на овој саем.