Венс: И во Револуционерната гарда признаваат дека е потребен нов пристап

Макфакс

16/06/2026

10:50

207

Големина на фонт

а а а

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс истакнува дека Иран ќе дозволи влез на меѓународни нуклеарни инспектори во согласност со договорот со САД, и дека во иранското раководство, вклучително и во Револуционерната гарда, се појавуваат гласови за потреба од нов пристап кон САД.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Иран ќе им дозволи на меѓународните нуклеарни инспектори повторно да влезат во земјата како дел од рамковниот договор постигнат со САД.

Според Венс, договорот предвидува соработка меѓу Меѓународната агенција за атомска енергија, САД и Иран за демонтажа на иранските залихи на високо збогатен ураниум. Тој додаде дека текстот на договорот ќе биде објавен по неговото потпишување, кое е планирано за во петок.

Венс изјави и дека во иранското политичко и воено раководство се забележуваат знаци на промени, додавајќи дека дури и во Исламската револуционерна гарда има гласови кои сметаат дека досегашниот однос кон САД бил погрешен и дека е потребен нов пристап.