Променливо облачно и топло време

Макфакс

18/06/2026

07:47

225

Големина на фонт

а а а

Денешните метеоролошки услови се карактеризираат со променливо облачно и топло време, умерен до силен ветер и можност за локални краткотрајни невреме попладне, особено во југоисточните региони.

Денеска времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер (40 km/h) од северен правец, особено во источните делови, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До почетокот на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата.