Координирана акција поврзана со ФФМ на повеќе локации низ Скопје

Макфакс

18/06/2026

13:14

1.016

Големина на фонт

а а а

Денеска се спроведува координирана акција на повеќе локации во Скопје под раководство на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во соработка со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи, во врска со предистражна постапка за ФФМ.

Денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје.


Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП.


Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствијата што се преземаат, најави Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.