Во Аеродром е уапсен 30-годишен скопјанец кој се обидел да влезе во два стана. Полициските службеници го лишиле од слобода по претходна пријава за инцидентот.
Вчера попладне во 15:20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот А.А. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:00 часот се обидел да влезе во стан на 33-годишна жена, а потоа се обидел да влезе и во станот кај нејзината 34-годишна сосетка која успеала да го истурка надвор.
Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.







