Се финализираат измените и дополнувањата на Изборниот законик

Макфакс

18/06/2026

14:30

143

Големина на фонт

а а а

Денес се одржа деветтата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, каде продолжи разгледувањето на измените и дополнувањата на Изборниот законик со цел подобрување на изборната рамка и усогласување со демократските стандарди.

Денес се одржа деветтата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлог-измените и дополнувањата на Изборниот законик.

Во текот на досегашната работа, Работната група разгледа и усогласи низа клучни прашања, вклучително и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и предлозите доставени од државните институции и политичките партии. Дел од решенијата беа усогласени со консензус, додека за одредени прашања се водеше интензивна и конструктивна дебата, извести Министерството за правда.

По комплетирањето на процесот и финализирањето на предлог-решенијата, измените и дополнувањата на Изборниот законик ќе бидат доставени за понатамошна постапка.

Работната група и натаму останува посветена на обезбедување инклузивен и транспарентен процес, во насока на унапредување на изборната рамка согласно демократските стандарди и меѓународните препораки.