Израел најави прекин на контактите со европската дипломатија Каја Калас поради нејзини спорни изјави во врска со односот кон Палестинците, што предизвика дипломатска тензија меѓу двете страни.
Израел најави прекин на контактите со шефицата на европската дипломатија Каја Калас поради наводи дека таа го споредила односот на Израел кон Палестинците со апартхејдот во Јужна Африка.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека ќе ги прекине сите контакти со Калас додека таа не ги повлече или разјасни спорните изјави.
Калас одговори дека Европската Унија останува посветена на конструктивни односи со Израел и повтори дека решението со две држави е единствениот одржлив пат кон мирот на Блискиот Исток. Таа истакна и дека ЕУ ги осудува израелските населби на Западниот Брег.
Саар возврати дека неговата одлука останува во сила сè додека не биде разјаснето дали Калас навистина го употребила терминот „апартхејд“.







