[ФОТО] Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе: Повредени десет лица

Макфакс

20/06/2026

14:23

1.024

Големина на фонт

а а а

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе остави десет повредени, од кои две лица се со тешки телесни повреди. Несреќата се случи синоќа, а повредените беа пренесени во Клиничката болница во Штип за медицинска помош.

Десет лица се повредени, од кои две се здобиле со тешки телесни повреди, во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.


Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во ОВР Свети Николе во 20:55 часот. Во неа учествувале патничко комбе „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот М.Т. од Свети Николе, кое удрило во паркирано товарно возило „ман“ со светиниколски регистарски ознаки.


Во судирот, со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички во комбето. Останатите осум патници кои се наоѓале во комбето поминале со телесни повреди. Сите десет повредени лица веднаш биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде им била укажана медицинска помош и биле констатирани повредите.


Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кочани.