Трамп се заканува со наплаќање за премин низ Ормуз ако пропадне договорот со Иран

Нетпрес

21/06/2026

10:18

826

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека Соединетите држави би можеле да наметнат патарина за премин низ Ормускиот теснец доколку разговорите со Иран не успеат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека Соединетите држави би можеле да наметнат патарина за премин низ Ормускиот теснец доколку разговорите со Иран не успеат на крајот од моментално планираното 60-дневно примирје, пренесе France Presse.


„Нема да има патарина за премин низ Ормускиот теснец за време на 60-дневниот период на примирје, а нема да има ни патарина по 60-дневниот период, освен ако тоа не го наметнат Соединетите Американски Држави доколку не се постигне договор, за услугите извршени како ангел чувар на земјите од Блискиот исток и за компензација на минатите, сегашните и идните трошоци“, напиша американскиот претседател на својата платформа Truth Social.

Според предложениот договор во меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран, превозот би бил бесплатен 60 дена додека Иран и земјите од Персискиот залив не се договорат за нов режим за управување со стратешката поморска рута.