Јордан погуби шест лица осудени за тероризам

Макфакс

21/06/2026

10:36

299

Големина на фонт

а а а

Јордан денеска изврши погубување на шест лица осудени за тероризам и други тешки кривични дела, вклучувајќи напади врз безбедносни сили и трговија со дрога.

Јордан денеска погуби шест лица осудени во одвоени случаи за тероризам и тешки кривични дела во кои биле убиени припадници на безбедносните сили.

Владиниот портпарол Мохамад Ал-Момани соопшти дека смртните казни биле извршени по завршување на сите законски процедури и откако пресудите станале правосилни.

Двајца од погубените биле осудени во случајот со таканаречената терористичка „ќелија Салт“ од 2018 година, поврзана со напади во кои загинале припадници на јорданските безбедносни сили.

Еден од осудените бил прогласен за виновен за терористички напад од 2022 година во кој бил убиен висок офицер.

Останатите тројца биле осудени во случаи поврзани со трговија со дрога и вооружени судири за време на полициски акции, при што загинале неколку полицајци.