Невреме со пороен дожд, грмежи и град попладнево ја погодија областа на Штип и Гевгелија, проследено со засилен ветер и нестабилни временски услови што се движат кон југоисточниот дел на земјата.
Невреме проследено со јак пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град попладнево е регистрирано во регионите на Штип и Гевгелија.
Според информацијата за нестабилност, состојбата е евидентирана во 17:10 часот, а невремето постепено се движи кон југоисточниот дел на земјата.







