Фабио Канаваро ја прифати понудата и стана селектор на Узбекистан, селекција која не се прослави на досегашните два настапи на Светското првенство особено против Португалија.
Португалија славеше со 5-0, меч во кој Кристијано Роналдо постигна два гола и со тоа ја „отвори сметката“ на овој мундијал. Канаваро има само комплимнети за ветаранот за кого се надева дека ќе продолжи да игра уште некое време иако тој веќе влезе во петтата деценија од животот.
- Им кажав на играчите дека ако му дадеме на Кристијано Роналдо еден сантиметар, ќе бидеме мртви. Тоа се случи и тој постигна два гола. Португалските играчи играат за него и тој е во фаза каде што е многу интелигентен кога се движи во шеснаесетникот.
- Кристијано Роналдо има 41 година и сè уште има толку многу желба за игра. Тој е човек кој сака да игра фудбал. Тој веќе е во историјата на фудбалот, ќе биде вечен, но продолжува да игра на овој начин. Разговарав со него и му реков да игра уште неколку години. Да ужива во фудбалот. Само погледнете го. Тој е целосно во форма, физички е многу добар и се надевам дека ќе продолжи уште неколку години, - порача Италијанецот.







