Големо изненадување во Монтереј, формиран е првиот пар за нокаут фазата на СП

Дерби

25/06/2026

11:10

294

Големина на фонт

а а а

Заврши првиот ден од третото последно коло од групната фаза на Светското првенство и тоа со едно големо изненадување со што го имаме првиот формиран пар за нокаут фазата за 23. мундијал.

Ко-домаќинот на овој настан Мексико продолжи да победува и ја суреди Чешка со 3-0 со три погодоци во второто полувреме. Чавез-Гарсија го отвори резултатот во 55 минута, потоа Кињонес стрелаше за 2-0, а на крајот точка на приказната стави резервистот Фидалго во судиското продолжение.

Мексиканците одат во следната фаза со три од три и гол разлика 6-0.

Големо изненадување се случи во Монтереј каде Јужна Африка ја шокираше Јужна Кореја (1-0) и со тоа обезбеди место во нокаут рундата.

Селекцијата од Азија беше огромен фаворит на ова соочување, меѓутоа не ги искористи своите шанси и во вториот дел стигна казната преку Масеко во 63 минута. Со ова е формиран првиот пат во 1/16 финалето и тоа е Канада-Јужна Африка.

Кога е во прашање Јужна Кореја сега ќе мора да ги чека останатите резултати за да обезбеди билет за разигрувањето за пехарот што ако не се случи ќе биде сериозно разочарување за Сон, Канг-Ин, Хванг и компанија.