Клоп го откри својот фаворит за титулата на СП, плус две селекции кои ќе бидат изненадување!

Дерби

25/06/2026

11:11

451

Големина на фонт

а а а

Германскиот фудбалски стручњак, Јирген Клоп даде прогоноза за тоа кој ќе ја освои титулата на 23. Светско фудбалско првенство.

Веќе сме во финишот на првата фаза, се игра третото коло и има доволно материја од досега прикажаното да се извлечат одредени заклучоци, па воден од ова Клоп верува дека неговата Германија има најголеми шанси да биде шампион.

- Велам Германија. Досега, една убедлива победа, потоа уште една, но пред сè, замени што функционираат. Така се гради тим, така се добиваат вакви натпревари. Дефанзивната фаза може да се подобри, но тие се на вистинскиот пат.

- Да речеме дека сериозниот фудбал ќе започне од осминафиналето и не гледам многу простор за изненадувања. Само најдобрите од најдобрите ќе останат од четвртфиналето. Големите тимови и големите играчи досега се снаоѓаа добро. Оние што ремизираа, како Португалија, Бразил или Англија, не треба да се грижат. Никој не го освојува Светското првенство со победа во сите натпревари и подобро е да се започне полека и да се влезе во ритам.

- Верувам дека сите фаворити ќе бидат во четвртфиналето, плус оние нации што ја кренаа летвичката. Ќе наведам две имиња: Норвешка, која има извонредна генерација и тим и Јапонија, - вели Клоп.