Сколс пронајде грешка на Тухел: Не е доволно добар со топка, не може да игра како…

Дерби

25/06/2026

11:57

389

Големина на фонт

а а а

Англија ги разочара своите навивачи со настапот против Гана, соочување во кое сите очекуваа потврда на одличната игра прикажана против Хрватска.

Меѓутоа „гордиот албион“ имаше навистина скромно издание против африканците, скоро и да не создаде некоја поголема шанса и на крајот мораше да се задоволи со само еден освоен бод.

Сите натпевари со големо внимание се пратат на островот и Пол Сколс како човек кој остави голем печат, трага на островот анализираше и посочи една голема грешка на селекторот Томас Тухел. Сколс смета дека Џуд Белингам не може да игра како „десетка“ затоа што нема такви вештини да го испорача она што се бара кога е во прашање оваа позиција.

- Средниот ред едноставно не е како што треба. Во ваков натпревар, кога ќе имате многу посед на топката, не ви требаат Рајс и Андерсон заедно. Не би ме изненадило ако тој го смени тоа [против Панама во сабота]. Белингам не е десетка. Тој е осумка кој може да трча. Број десет го тера вашиот тим да игра навистина добар фудбал. Тоа не е Белингам.

- Тие прават магија околу шеснаесетникот, а тоа не е Белингам. Мора да пристигнува доцна во шеснаесетникот. И е доволно добар со топката за да може да го прави тоа. Тој го избра погрешниот тим, - порача легендата на Манчестер Јунајтед.