УЈП: На 30 јуни истекува рокот за плаќање на данок по Годишната даночна пријава

Макфакс

25/06/2026

15:40

214

Големина на фонт

а а а

УЈП известува дека крајниот рок за плаќање на данокот по Годишната даночна пријава за 2025 година е 30 јуни 2026 година и ги упатува граѓаните како да го извршат плаќањето навреме, со цел избегнување дополнителни трошоци и камати.

Управата за јавни приходи известува дека крајниот рок за уплата на данокот утврден со Годишната даночна пријава за 2025 година е 30 јуни 2026 година.

Секој граѓанин чија пријава покажува износ за доплата должен е да ја изврши уплатата навреме, со цел да избегне дополнителни трошоци и камати. За граѓаните на кои им е донесено или ќе им биде донесено решение со корегиран износ, рокот за уплата изнесува 15 дена од денот на доставувањето на тоа решение.

Како да платите?

Постапката е едноставна и се состои од неколку чекори:

1.Најавете се во вашиот кориснички профил на е-Даночни услуги (e-ujp.ujp.gov.mk)

2.Изберете ја опцијата „Годишна даночна пријава“

3.Преку копчето „Преглед“ отворете ја пријавата за 2025 година

4.Преку копчето „Печати“ добијте го налогот за плаќање — тој се наоѓа на третата страница од документот

5.Налогот може да го испечатите или препишете, а при електронско банкарство — доволно е да го ископирате фолио бројот и да го внесете во налогот ПП53

Внимавајте на точноста на уплатата! УЈП потсетува дека уплатата нема да биде успешно евидентирана доколку не се точно внесени:
• Даночниот идентификациски број (ЕМБГ) на обврзникот
• Фолио бројот
• Сите останати елементи од налогот за плаќање

Дополнително, доколку уплатата ја врши друго лице (член на семејство или трето лице), потребно е претходно да се изврши промена на налогодавец во спротивно уплатата нема да биде евидентирана. Упатство за плаќање во име на трето лице достапно е на следниот линк:

. На ист принцип се врши и промена на налогодавачот во налогот за плаќање по ГДП, со тоа што во полето за фолио број се внесува фолио бројот од налогот по ГДП. Доколку добиете известување за долг по годишна даночна пријава или сметате дека пресметаниот износ содржи грешка, постапете според упатствата достапни на: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1992 Доколку не сте во можност да го платите целиот износ одеднаш, постои можност за одложено плаќање на даночен долг – репрограм. Повеќе информации:

Навременото плаќање на даночните обврски е законска должност, но и одговорност кон заедницата. За сите прашања и помош, граѓаните може да се обратат во Контакт центарот на УЈП“, информираат од таму.