Пожар на поткровје во Центар: Две лица итно пренесени на Клиника, уште тројца побарале помош

Макфакс

26/06/2026

15:30

533

Големина на фонт

а а а

Во скопската населба Центар ноќеска избувнал пожар во поткровје на една зграда, при што пет лица побарале лекарска помош поради вдишување чад, од кои две лица биле итно пренесени на Клиника.

Пет лица побарале лекарска помош поради вдишување чад откако ноќеска избувнал пожар во поткровје на зграда на подрачјето на скопската населба Центар.

Според информациите од МВР, настанот бил пријавен на 26 јуни во 02:25 часот во СВР Скопје.

При обид со противпожарни апарати да го изгаснат пожарот, Д.С. (54) и Б.А. (49), двајцата од Скопје, вдишале чад, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Подоцна, на лекарски преглед се јавиле уште три лица, исто така поради вдишување чад.

На местото на настанот извршиле увид полициски службеници, а за случајот бил известен и јавен обвинител.