Пет активни пожари на отворен простор

Макфакс

28/06/2026

21:30

276

Големина на фонт

а а а

Денеска се регистрирани 12 пожари на отворен простор во различни делови од државата, од кои пет се активни, а останатите се изгаснати или ставени под контрола. Пожарите се наоѓаат во различни населби и општини, со голема загриженост поради зафаќањето на депонии и ниска вегетација.

До 18:00 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а шест се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Куманово, во населбата Перо Чичо, каде гори депонија и ниска вегетација, како и во населбите Бедеиње и селото Режановце, каде е зафатена ниска вегетација и садници. Активен е и пожарот на депонијата во Пехчево, како и пожарот помеѓу селата Тркање и Бање во Чешиново-Облешево, каде гори ниска вегетација, како и пожар во близина на Злетовска Брана во Општина Пробиштип.

Под контрола е ставен пожарот кај селото Дворци во Пласница, каде гореше депонија.

Во текот на денот се изгаснати пожари во Валандово, Инџиково, Старо Нагоричане, Врапчиште, Свети Николе и Дебар.